ВЕСТИМАКЕДОНИЈА

Ковачевски не гледа ништо лошо во случајот „тендер на МНР за ЕУРОВИА“

Ковачевски не гледа ништо лошо во случајот „тендер на МНР за ЕУРОВИА“

Премиерот Димитар Ковачевски вели дека тендерот на Министерството за надворешни работи од 1,8 милиони евра за компанијата Еуровиа, која е донатор на ДУИ е регуларен и нема сомнеж за законски прекршувања. Според него, сомнежи би имало доколку фирмата не била регистрирана како донатор на партијата.

Од Комисијата за спречување на корупцијата велат дека по отворањето на предметите за тендерот на МНР, сега очекуваат да ги соберат сите потребни документи. Оттаму нагласуваат со информација да излезат и другите релевантни институции ако и тие почнале да работат на случајот.

За случајот денеска повторно реагираа и од ВМРО-ДПМНЕ.

Компанијата „Еуровиа“ години наназад беше во фокусот на афери и во Албанија. Таму опозицијата ја обвини власта дека ѝ доделила тендер од 1,5 милиони евра за набавка на прехранбени производи на специјализираната градежна компанија „Еуровиа“, чиј сопственик е од Македонија, кој исто така има и бизнис со обложувалници. Пред неколку дена истата фирма од Желино, која се јавува како донатор на ДУИ, доби тендер од 1,8 милиони евра за адаптација на Спортската сала „Борис Трајковски“, за Министерскиот самит на ОБСЕ кој ќе се одржи во декември годинава.

Мефаил Исмаили

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button