ВЕСТИМАКЕДОНИЈА

Учениците утре назад во училиштата, прв час за првачињата

Учениците утре назад во училиштата, прв час за првачињата

Учениците од основното и средното образование ги прават последните подготовки за почеток на новата учебна 2023-2024 година. За разлика од другите, трето и шесто одделенците ќе чекаат учебници. Министерот за образование, Јетон Шаќири, тврди учебниците за трето се веќе одобрени и се печатат, а оние за шесто биле во фаза на одобрување.

„Тие се во фаза кога авторите даваат забелешки од рецензентската комисија, останува само упатството кај националниот совет за одредени предмети. Сега го одобривме предметот по албански јазик за шесто одделение кој во овој период е постигнат максимално, а откако ќе биде одобрен ќе им биде доставен на учениците. Верувам дека нема да има повторување од претходната година. И за шесто одделение, убеден сум дека ќе се случи во септември по одредени предмети, а за некои предмети на почетокот на октомври“, изјави Јетон Шаќири, министер за образование.

Пред почетокот на наставата, министерот Шаќири ги потсети образовните синдикати да не привлекуваат членство со најави за штрајк на сметка на учениците и наставниците.

„Не сакам учениците или наставниците да бидат дел од дневната политика што се одвива меѓу синдикатите кој да добие повеќе членство, нека најдат друг инструмент. Велам дека од 1 септември ќе имаат повисоки плати и тие континуирано, во рок од една година, се зголемуваат за 35%, што не беше направено повеќе од 20 години. Ако продолжиме вака, со новиот модел на колективниот договор, тогаш секоја година ќе имаме покачувања на платите“, рече Јетон Шаќири, министер за образование.

Меѓу новитетите кои почнуваат оваа учебна година е и пролетниот распуст кој ќе трае од 29 април до 5 мај, а наставата ќе заврши на 17 јуни.

Мелихате Рустеми

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button