СПОРТФУДБАЛ

Де Хеа: Манчестер Јунајтед е под некое проклетсво

Давид де Хеа тврди дека Манчестер Јунајтед може да биде под некое проклетство додека продолжува нивната мизерна сезона. Надежите на Јунајтед да спасат нешто од тековната сезона се на коцка, бидејќи  ,,Црвените Ѓаволи,, се борат да стигнат до Топ-4 позиција во Премиер Лигата. Сепак, Давид де Хеа е меѓу единствените кои имаа врвни перформанси оваа сезона.

„Мислам дека некој не пцуе или нешто слично. Вистината е дека не знам што се случува, навистина не знам“, изјави тој за Ел Паис.

Шпанскиот голман има задоволителна сезона во однос на настапите, но шансите неговиот клуб да ја заврши сезоната со трофеј, изгледаат сосема минимални.

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button