Фудбалерот на Барселона, Френки де Јонг, се приближува до враќање на теренот, откако го одржа првиот тренинг со каталонскиот тим по подолга пауза, пренесуваат шпанските медиуми.
Де Јонг се рехабилитира од повредата конзервативно, иако клубот првично сакаше тој да се оперира, што би го оставило надвор од игра до крајот на годината. Холандскиот играч нема настап во последните пет месеци, откако се повреди за време на дербито со Реал Мадрид, што го спречи да учествува и на Европското првенство.
Исто така, уште еден важен играч на Барселона, Гави, по подолг период се врати на тренинзите.
Од друга страна, дојде лоша информација за повредата на Дани Олмо. Тој ќе отсуствува од терените околу еден месец, а тоа го прави неизвесен и за Ел Класико.