Се зголемува бројот на жртвите во историските поплави во централна Европа
Во понеделникот беа пријавени нови жртви низ централна Европа, бидејќи силните поплави продолжија да погодуваат делови од Австрија, Полска и Чешка, а се очекуваат нови врнежи.
Последните жртви вклучуваат двајца постари мажи кои загинаа во своите домови во Долна Австрија погодена од поплавите, која е прогласена за област погодена од катастрофа од страна на националната влада. Ситуацијата во источната покраина, која го опкружува главниот град Виена и се граничи со Чешка, останува сериозна и покрај тоа што дождот се намали во текот на ноќта, изјави во понеделникот гувернерката Јохана Микл-Лајтнер.
„Не е готово, сè уште е критично, сè уште е драматично“, додаде Микл-Лајтнер.
Во понеделник во сојузната покраина се очекуваат врнежи од дожд до 80 милиметри, што ќе направи дополнителен притисок врз браните во регионот. Повеќе од 200 патишта во Долна Австрија се затворени, а 1.800 згради се евакуирани, а многу ученици не одат на училиште, рече гувернерот. Околу 3.500 домаќинства се без струја.
До 370 милиметри дожд наврнаа изминативе денови во Долна Австрија, што е неколкупати повеќе од просечното количество на врнежи. Пожарникар го загуби животот додека исцпрувал вода од подрум во текот на викендот. Состојбата може малку да се подобри од вторник, кога се прогнозира крај на континуираните врнежи од дожд. Сепак, прекините најверојатно ќе продолжат и во наредните денови.