ВЕСТИМАКЕДОНИЈА

Дечев најави формирање бугарско-македонска „Комисија за историја во сенка“

Бугарскиот историчар Стефан Дечев најави формирање на заедничка бугарско-македонска „Комисија за историја во сенка“, која ќе работи паралелно со постојната Комисија за историски и образовни и која би требало да го трасира патот на преговарачкиот процес меѓу Бугарија и Северна Македонија.

Advertisements

Како што јави дописникот на МИА од Софија, Дечев, кој е член на новоформираниот Клуб за бугарско-македонско пријателство, во изјава за Бугарското национално радио (БНР) вели дека таа нова Комисија ќе има своја агенда, свој календар и свои состаноци и цели и ќе покаже дека не мора да има скандали по секоја средба на историчарите од двете земји.

Дечев изразува надеж дека членовите на „Комисијата во сенка“ ќе бидат подготвени за отворен дијалог.

„Целта е да се покаже дека е можно да се соберат луѓе од двете страни на границата и да се води искрен и плоден дијалог насочен кон сите области од животот“, изјави Дечев, говорејќи за мисијата на Клубот за бугарско-македонско пријателство, кој брои повеќе од 120 членови.

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button