МАКЕДОНИЈА

Дел од пациентите спасени од пожарот во тетовската болница пуштени дома

Седум од дванаесетте пациенти кои беа спасени од пожарот и примени во модуларната болница во Тетово како оздравени од Ковид-19 и опоравени се пуштени од болничко лекување и се наоѓаат во своите домови, информираат од Ковид центарот при Клиничката болница.

За 24 часа починала една пациентка со ковид-19, родена 1963 година, а хоспитализирана во интернистичкиот блок на ковид центарот.

„Седум пациенти кои беа спасени од пожарот и примени во модуларната болница се пуштени дома, додека другите се сè уште се хоспитализирани. Ковид центарот кај нас има доволен персонал за здравствена заштита“, изјави денес д-р Гзим Нуредини, координатор во Ковид центарот.

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button