ВЕСТИСВЕТ

Дел од персоналот на ОН ја напушта Хаити

Дел од персоналот на Обединетите Нации денеска ќе почне да го напушта Хаити, поради крајно нестабилната безбедносна ситуација, соопшти портпаролот на ОН.

„Обединетите Нации не ја напуштаат Хаити. Колегите кои спроведуваат спасувачки активности ќе останат на Хаити за да продолжат со операциите“, рече портпаролот.

Тој додаде дека ОН ќе продолжат внимателно да ја следат ситуацијата.

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button