СПОРТФУДБАЛ

Интер Мајами во четвртфинале, Меси со асистенција и гол

Интер Мајами со 3-1 го доби реваншот против Нешвил и со вкупни 5-3 се пласираше во четвртфиналето од КОНКАКАВ шампионскиот куп.

Мечот во Нешвил заврши нерешено 2-2, а Интер Мајами со поддршка од навивачите дојде до триумф дома со кој обезбеди прогрес во следното коло од купот. Главни актери во победата беа Луис Суарез и Лионел Меси.

Уште во осмата минута по асистенција од Меси, Суарез погоди за водство од 1-0. Во 23. минута Меси со убав гол зголеми на 2-0. Со тој резултат се замина на полувремето. Во 63. минута Суаррез ја имаше улогата на асистент, а Тејлор со глава реализираше за 3-0. Гостите во судиското продолжение од мечот успеаа само да постигнат почесен гол./Sport1.mk/

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button