ВЕСТИМАКЕДОНИЈА

Дел од помалите владини партнери го условувaат влезот на Алијансата за Албанците во Владата

По седницата на Централното претседателство на Алијанса за Албанците (АА) што се одржа викедов и најавите дека во текот на неделава партијата ќе формира комисија којашто би преговарала за евентуален влез во Владата, вчера со свои ставови околу можноста АА да влезе во Владата излегоа помалите владини коалициски партнери.

Од Алтернатива сметаат дека нема потреба да се преговара со Алијанса за Албанците, оценувајќи дека улогата на оваа партија во Владата би била „да го амортизираат расколот во ДУИ“. Од Алтернатива сметаат и дека е логично оној што е во неволја, да отстапи дел од владините ресори што ги води.

– Логично е тој што е во неволја да биде подготвен да надомести со ослободување на дел од ресурсите што моментално ги води. Сакаме да го нагласиме ова. На Алијанса не и требаат функции за гласање на уставните измени, доколку се искрени во нивната посветеност за ЕУ.

Сличен став има и Демократскиот сојуз, од каде вчера изјавија дека ќе поддржат реконструкција на Владата само доколку се обезбеди соодветна и правична застапеност на сите етнички заедници, што е во согласност со Амадманот 6 од Уставот.

Трајанов смета дека ДУИ треба да отстапи две министерски места.

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button