Дел од приватните болници не ги „поздравија“ законските измени за ограничување на цената за лекување на пациентите со Ковид-19 до 5.000 евра

Скоро 14 месеци откако граѓаните платија неверојатни суми во приватни клиники за третман од коронавирус, државата законски ќе ги ограничи трошоците за медицински услуги за лекување на пациенти со Ковид-19. Сепак, не сите приватни болници се согласуваат со овој владин предлог за изменување и дополнување на Законот за здравствена заштита. Реакции имаше и од здравствениот персонал во врска со забраната за трансфер на лекари од јавни во приватни болници за време на кризата со пандемијата. Приватните клиники не сакаа да ги коментираат деталите за предлогот- законот се додека не добијат официјални информации.
Приватна клиника “Жан Митрев”
„Не можеме да коментираме ниту еден предложен акт за промена се додека не се дефинира законската рамка. „Ние веќе направивме се што е можно за да ги намалиме трошоците за анти-ковид медицински услуги.
Доколку целиот двонеделен третман чинеше околу 12 илјади евра, откако ќе бидат одобрени законските измени во Собранието, приватните клиники ќе можат да наплатуваат од 650 евра до 5000 евра. Министерот Венко Филипче дека оваа цена зависи од интензивното лекување на пациентите.
Но, ВМРО ДПМНЕ бара дури и оние кои досега ги користеле овие услуги да можат да добијат обештетување од Владата.
Владата во вторник даде зелено светло на предложените измени и дополнувања на Законот за здравствена заштита. Со овие измени се предвидува приватните болници да ги намалат цените за лекување на пациентите погодени од корона. Законот е влезен во собраниска постапка. Неколку дена пред ова, на барање на Министерството за здравство, приватни клиники доброволно ги намалија цените за 10%, додека други одбија со изговор дека нема финансиска корист покрај медицинските услуги што ги даваат.
Adna Qaili