ВЕСТИМАКЕДОНИЈА

Мицкоски: Уапсените со дрогата се војници на Заев, да интервенира меѓународната заедница

Уапсените во акцијата „Марихуана“ се војници на Зоран Заев кои крадат и манипулираат со изборите. Со ваков коментар за осомничените излезе денеска лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, според кого, иако полициските функционери и градоначалници се фатени „до лакти во медот“, сепак и понатаму може да манипулираат со волјата на граѓаните. Затоа, Мицкоски ја повикува меѓународната заедница да го зголеми мониторингот на претстојните избори во земјава.

Во врска со аферата со пасошите со лажен идентитет, Мицкоски ја праша Владата дали овие пасоши се сè уште во оптек или се вон употреба? Во исто време, Мицкоски ги негира обвинувањата дека ја саботирал истрагата.

Во врска со заканите кон него, Мицкоски изјави дека не бара лична заштита и оти не гледа причина ваквите закани да ги пријавува во полиција.

Adrian Kerimi

 

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button