ВЕСТИМАКЕДОНИЈА

„Фалц-пасоши“, обвиненија за 11 лица, итро краделе идентитети на граѓани на Македонија

Поднесено е обвинение против 11-мина за злоупотребата со издавањето пасоши. Десет од нив се обвинети за злоупотреба на службената положба и овластување, а еден за поттикнување при извршувањето на истото дело. Обвинетите, како службени лица, вработени на различни позиции во МВР, поттикнати од Раиф Мифтари, кој е во бегство, од средината на јуни 2017 до крајот на 2020 година, незаконски издавале пасоши. Употребиле податоци за идентитети на луѓе, државјани на Македонија, кои до сега не побарале и немале биометриски пасоши, а се иселени од Македонија или од раѓање живеат во странство и кои немаат остварено влез во Македонија. Потоа, тие идентитети им ги давале на лица кои се бараат со меѓународни потерници.

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button