МАКЕДОНИЈА

Демолирана и запалена канцеларијата на директорот на студентскиот дом „Пелагонија“

Две лица ја запалиле канцеларијата на директорот на студентскиот дом „Пелагонија“ во населбата Кисела Вода, потврдија за МИА од Министерството за внатрешни работи.

Како што посочи МВР, директорот А.Ф. (36) пријавил дека по претходна расправија, од страна на Н. Ј. поранешен вработен во домот и уште едно лице била фрлена запалива течност, при што настанал пожар.

Од МВР велат дека нема повредени до моментот на пријавувањето, а пожарот е изгаснат од страна на Противпожарната бригада на Град Скопје.

– Полициски службеници се излезени на местото на настанот и се преземаат мерки за негово расчистување, наведуваат од МВР.

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button