РЕГИОН

Дендиас го изрази задоволството на грчката Влада за првата меѓувладина конференција

Задоволството на грчката Влада за одржување на првата меѓувладина конференција на Северна Македонија и Албанија со ЕУ, го изрази министерот за надворешни работи на Грција Никос Дендиас, јави дописничката на МИА од Атина.

Advertisements

При пристигнувањето на Советот за надворешни работи на Европската Унија во Брисел, шефот на грчката дипломатија се осврна на темите на состанокот, но и на ЕУ перспективата на Скопје и Тирана.

-Најпрво, би сакал да го изразам задоволството на грчката Влада, затоа што утре, овде во Брисел, конечно ќе се одржи првата меѓувладина конференција со Албанија и Северна Македонија, по долги напори и особено макотрпен процес, рече Дендиас. 

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button