ВЕСТИМАКЕДОНИЈА

Денеска почнаа уписите во 109 средни училишта во земјава

Средните училишта ги отворија вратите за запишување на полуматурантите. Доставувањето на документацијата е извршена по претходно утврден распоред од страна на училиштето со цел усогласување со здравствените протоколи за заштита од вирусот. На првиот ден, голем интерес има за гимназиите.

„Првиот ден од уписите започна добро, интересот на учениците е многу голем, досега сме задоволни, се надеваме дека ќе продолжи вака. Ја прифаќаме документацијата заснована врз презимиња, како што предупреди директорот за да не се направи гужва. Сè треба да се одвива според правилата, еден по еден доаѓаат, се запишуваат и така завршува се“.

„Тоа е училиштето што најмногу ми се допаѓа“.

„Мислев да дојдам во гимназија затоа што е подобро, има добри правила и ни дава повеќе можности да одиме на факултет“.

Исто така, полуматурантите интерес покажаа за медицина и економија.

„Ми беше тешко да одлучам, но се одлучив за забен техничар. Сонував да станам стоматолог и верувам во тоа“.

„Дојдов да ги доставам документите за правен техничар. Мислам дека има доволно места за сите полуматуранти“.

„Имаме 10 паралелки, околу 340 ученици. Четири се за медицина, две за медицински сестри, една за фармација и една за забен техничар. Другите насоки се економски техничар, правен техничар, продавач и економски техничар на турски јазик“.

Според конкурсот, во 109 средни училишта има вкупно 30.053 слободни места во 913 паралелки. Од нив, 19.602 во стручно образование, 9.261 во гимназиско образование и 1.190 слободни места за уметност и за спорт. Пријавувањето ќе се изврши до 17 јуни.

Melihate Rustemi

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button