Денеска семејството и пријателите се збогуваа со заменик-главниот уредник на Алсат, Исуф Кадриу
Денеска семејството и пријателите се збогуваа со заменик-главниот уредник на Алсат, Исуф Кадриу

Семејството Кадриу, роднините, пријателите и колегите денеска се збогуваа со Исуф Кадриу, заменик-главен уредник на телевизија Алсат. (атмосфера)
Со пеење на Куранот и молитви, неговото тело беше однесено на гробиштата во Бутел. (атмосфера)
Семејството Кадриу од утре ги отвора вратите за сочувство. Нашиот колега Исуф Кадриу ќе остане запаметен како голем професионалец и добар чове. Исуф Кадриу почина вчера, на 52-годишна возраст, по срцев удар во туристичкиот град Шенѓин, Албанија, каде што беше на одмор со семејството. Зад себе остави сопруга и три деца. Средното образование го завршил во гимназијата во Гњилане, додека студирал новинарство дипломирал на Универзитетот во Тирана. Од 2008 година е заменик главен и одговорен уредник на телевизијата АЛСАТ, каде што даде извонреден придонес во процесот на организирање и водење на работата во информативната програма на телевизијата. . Новинарската кариера на Исуф Кадриу започна во 1998 година во телевизијата ЕРА, а од 1999 година во Програмата на албански јазик на Македонската телевизија, каде работеше како уредник на вести до 2008 година, вклучително и чувствителниот период на конфликтот во 2001 година, каде со посветеност, не штедејќи ништо од професионален аспект придонесе за правично и објективно информирање за случувањата на терен, а честопати и самиот беше во улога на воен известувач од фронотот. Паралелно со неговите ангажмани во медиумите во земјава, од 2001 година Кадриу е постојан дописник на Радио Слободна Европа од Скопје, од каде известува за политички, економски, културни случувања и настани од Скопје и земјава. Колегата Исуф Кадриу ќе остане запаметен како професионалец кој придонесе во динамиката на новинарството, како промотор на објективното следење на настаните и како професионален политички и општествен аналитичар.Сите свои професионални задачи секогаш ги изведуваше почитувајќи го принципот на тимска работа и почитувајќи ги професионалните стандарди и етичките норми./Алсат.мк