ВЕСТИМАКЕДОНИЈА
Денеска сончево со слаб ветер

Времето денеска ќе биде сончево со мала до умерена облачност попладне и со слаб до умерен ветер претежно од југозападен правец.
Минималните температури ќе бидат во интервал од 6 до 17, а максималните ќе достигнат од 26 до 34 степени. УВ=9.
Во Скопје ќе е сончево, со краткотрајно наоблачување и со слаб променлив ветер.
Минималните температури ќе се спуштат до 13, а максималните ќе достигнат до 33 степени.
До недела времето ќе се задржи стабилно, со свежи ноќи. Дневните температури ќе се покачат, но ќе бидат во рамките на просечните за овој дел од годината. В понеделник облачноста ќе се зголеми и ќе има услови за појава на нестабилност со краткотраен пороен дож и грмежи.