РЕГИОН

Денеска треба да бидат објавени официјалните резултати од изборите во Албанија

Државната изборна комисија во Албанија најави дека денеска ќе ги објави конечните резултати од парламентарните избори што се одржаа во неделата. Албанската владејачка Социјалистичка партија обезбедила 49,4% од гласовите на парламентарните избори во недела, соопшти во понеделникот државната изборна комисија врз основа на досега преброените гласови.

Опозициската Демократска партија е на второто место со 38,8% од гласовите, додека на третото е Социјалистичкото движење за интеграција со 7,1% од гласачите. Албанија, која има 2,8 милиони жители, но 3,6 милиони гласачи поради својата голема дијаспора, има историја на насилство и обвинувања за изборни измами во последните три децении од крајот на комунизмот.

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button