ВЕСТИМАКЕДОНИЈА

Деновиве ќе дознаеме што открија инспекторите за професорските плагијати во ДУТ

За три дена Инспекторатот за образование ќе го објави извештајот од инспекцијата на Државниот Универзитет во Тетово во врска со наводите за плагијат на научни трудови на одредени професори. Од оваа институција за Алсат изјавија дека засега сè уште не можат да соопштат никакви детали сè додека не бидат објавени записниците, односно крајниот извештај. Заменик-министерот за образование, Арафат Шабани, вели дека неговиот ресор го чека завршниот извештај на инспекторите за да продолжи со понатамошните процедури. Според Шабани, не станува збор само за плагијати, туку и други неправилности.

„Во моментов ги чекаме нивните извештаи. Откако ќе нè известат ќе ги преземеме следните чекори во согласност со законот и прописите. Не се само плагијатите. Најавуваат дека има повеќе неправилности на ниво на Државниот универзитет во Тетово. Ќе ги испитаме една по една и во согласност со ситуацијата, така ќе реагираме.“

Во Просветниот инспекторат официјалната претставка беше поднесена откако италијанското списание „Веритас“ го објави скандалот дека седум професори на Медицинскиот факултет на ДУТ, извршиле плагијат на своите научни дела. Се работи за професорите Неџбедин Беадини, Шеќибе Беадини, Албулена Беадини, Емира Беџети, Мирлинд Беџети, Дестан Халиди и Екрем Исмани, кои исто така се и во меѓусебни роднински врски.

Мелихате Рустеми

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button