ВЕСТИМАКЕДОНИЈА

Деновиве состанок во АА за барањето на Таравари за коалиција со опозицијата

Деновиве состанок во АА за барањето на Таравари за коалиција со опозицијата

Претседателот на Собранието на Алијанса за Албанците Зијадин Села во следните 24 часа ќе донесе одлука за свикување седница на ова тело по барањето на лидерот на партијата Арбен Таравари. Тој вчера од него побара поддршка за предизборно приклучување кон албанската опозиција. Како што дознава Алсат, седницата се очекува да се одржи во текот на следните неколку дена. Сепак, останува нејасно која ќе биде точката на дневниот ред во Собранието составено од околу 130 членови. Сè уште не се знае дали воопшто и ќе се разгледа барањето на Таравари или на маса ќе има други предлози. Од партијата не даваат објаснување. Велат дека дневниот ред ќе се дознае во моментот кога ќе се свика состанокот.

„Во текот на 24 часа се очекува претседателот на Собранието на АА, Зијадин Села, да донесе одлука за свикување на Собранието, да го соопшти датумот на состанокот и дневниот ред“, велат од Алијанса за Албанците.

Таравари рече дека ќе ја почитува одлуката што ќе произлезе од партиското Собрание. Неофицијално се дознава дека мнозинството членови таму се на линија со него, за обединување со албанската опозиција.

Таравари пак денеска излезе со уште една објава на социјалните мрежи во која истакна дека добил бројни пораки за поддршка.

„Знаев дека многу луѓе ќе се согласат со мојата изјава откако ја донесов оваа одлука имајќи ве вас како приоритет и вашата потреба за промена, но од вчера и до сега кога пишувам, добив стотици-илјадници пораки со честитки, благодарност и инспирација од вас и мотивација бидејќи вашиот одговор ги надмина сите можни очекувања! Од тие стотици-илјадници ваши пораки за поддршка, со задоволство можам да ви кажам дека големата промена започна и ништо не ја спречува вашата сила! Духот на надежта, духот на верата, духот на промената е запален од вашите милиони гласови од вчера! Мартин Лутер Кинг помладиот би рекол дека на планината на очајот постои карпа на надежта. Од вчера, како никогаш досега во мојот политички живот, видов толку многу луѓе кои сакаат промени, можам со сигурност да кажам дека Албанците станаа планина на надежта“, рече Арбен Таравари, Претседател на Алијанса за Албанците.

Ваквиот став на Таравари ја подели Алијанса за Албанците на два дела. На страната на Таравари се двајцата министри Азир Алиу и Фатмир Меџити, додека на страната на Зијадин Села за самостоен настап на изборите се министерот Кренар Лога и потпретседателите на партијата Елми Азири и Илире Даути. Поделеноста е очигледна и меѓу поддржувачите на Алијанса на социјалните мрежи. Ставот на Таравари пак, беше поздравен од челниците на Европскиот сојуз за промени./Алсат.мк

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button