КОШАРКАСПОРТ

Денвер ја загубија лидерската позиција во Западната Kонференција

Кошаркарите на Денвер ја загубија лидерската позиција во Западната конференција, иако еден од најдобрите светски кошаркари Никола Јокиќ на десет секунди пред крајот на натпреварот со Сан Антонио Спарс имаше шут за победа во претпоследното коло од НБА лигата (120 -121).

За да биде уште полошо за тимот од Колорадо, актуелниот шампион на најсилната кошаркарска лига во светот успеа да прокоцка дури 23 поени предност (78-55) во третата четвртина, а на почетокот на последната водеше со дури +17 (107-90).

Сепак, еден од најслабите тимови оваа сезона на неверојатен начин направи пресврт и извојува минимална победа, по која Денвер ја загуби лидерската палка, односно падна на третото место.

Јокиќ натпреварот го заврши со 22 поени и 12 асистенции, а најпрецизен кај поразениот тим беше Мареј со 35 поени. За Сан Антонио најдобар беше Вамбањама со 34 поени и 12 скока.

Оклахома Сити славеше над Милвоки со 125-107, со 23 поени на Шеј-Гилџес Александар и 22 на Чет Холмгрен. Во отсуство на повредениот Јанис Адетокумбо, најдобри за Бакси беа Крис Мидлтон и Брук Лопез со по 18 поени.

По пауза од осумнаесет натпревари, Карл-Ентони Таунс се врати на теренот, а Минесота ја победи Атланта со 109-106. Руди Гобер блескаше со 20 поени, 19 скока и 5 скока, Мајк Конли имаше 13 поени, а Таунс додаде 11 поени. Кај Хокси најефикасен беше Тре Јанг со 19 шоени, а два помалку постиггна Богдан Богдановиќ.

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button