ВЕСТИРЕГИОН

Десетина повредени во конфликтот меѓу полицијата и граѓаните во Звечан, барикади во Лепосавиќ

Во болницата во Косовска Митровица за РТС е потврдено дека во конфликтот меѓу специјалните сили на косовската полиција и насобраните граѓани се повредени десетина лица, јавува Н1.

Во овој момент ситуацијата е малку смирена, но е многу тензична, јави дописникот на РТС.

Заменик-директорката на Клиничко-болничкиот центар во Северна Митровица, Даница Радомировиќ, денеска изјави дека никој од повредените не е задржан во болница.

„На десетина лица им е укажана помош на хируршкото одделение за прием, на ортопедија и на очното одделение со полесни физички повреди од шок-бомби и солзавец, како и видливи повреди на лицето“, рече Радомировиќ.

Александар Арсенијевиќ од граѓанската иницијатива „Српски опстанок“ изјави дека косовската полиција прво ги нападнала жените, а потоа него и дека директно го испрскале со солзавец во очите.

„Бев дезориентиран, ме одвлекоа меѓу два автомобили, почнаа да ме тепаат“, изјави Арсенијевиќ.

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button