МАКЕДОНИЈА

Османи: Нема да бидеме алиби за Мицкоски да ја спречи евроинтеграцијата на државата

Албанците никогаш не биле причина државата да кочи на евроатлантскиот пат, па не би сакале ниту сега, вели во интервју за емисијата 360 Степени на Алсат министерот за надворешни работи, Бујар Османи, запрашан за став по најавите од Работната група ангажирана за уставните измени, дека темата за замена на 20% во Уставот не е на дневниот ред .

„Ако успееме да најдеме консензус, би било добро и во интерес на сите, за преименување на 20%. Ако не можеме, не би сакал да бидеме алиби за Мицкоски и компанија, да ја спречи европската иднина на државата. Никогаш Албанците не биле причина оваа држава да кочи на евроатлантскиот пат, не би сакале и во оваа критична точка кога земјата се наоѓа на крстопат“, рече Османи.

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button