ВЕСТИМАКЕДОНИЈА

Има ли услови за уставни измени? Еве што вели Османи

Шефот на македонската дипломатија, Бујар Османи, во своето вечерашно учество во емисијата „360 Степени“ на Алсат оцени дека земјава доцни со отпочнува на јавна дебата по однос на прашањето за уставните измени, додавајќи дека сѐ уште е рано да се процени дали во Собранието ќе има услови за нивно усвојување.

„Мислам дека е прерано да се направи објективна проценка дали имаме или немаме услови за уставни измени затоа што уште не е почната официјалната јавна дебата по однос на конкретните формулации. И тука, ќе кажам личен став, мислам дека доцниме. Инсистирам тоа да се случи што побрзо“, рече Османи.

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button