ВЕСТИМАКЕДОНИЈА

Десетици локации низ Скопје станаа диви депонии

Десетици локации низ Скопје станаа диви депонии

Диви депонии преку ноќ се појавуваат во речиси секоја населба во главниот град и покрај тоа што има уредно означени пунктови за фрлање на смет. Најкритична точка е онаа во населбата Топаана која се создава секој ден, дури и откако Комунална хигиена ќе ја исчисти претходната. Граѓаните меѓусебно се критикуваат дека сè уште не ги научиле правилата за фрлање смет.

Дел од граѓаните велат дека единствено решение за спас од ѓубрето е изрекувањето високи казни. Некои се жалат дека отпадот го фрлаат и жителите на другите општини кои го носат со камиони.

Вработен во Комунална хигиена за Алсат вели дека најголем проблем претставува фрлањето кабаст отпад кој често им нанесува штета на камионите на ова претпријатие.

Од Комунална хигиена велат дека нивните екипи се постојано на терен. Во периодот јануари-јуни годинава биле собрани над 76.000 тони отпад од домаќинствата во Скопје, во урбаните и руралните делови на градот, односно по 425 тони дневно./Alsat.mk

Мелихате Рустеми

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button