ВЕСТИМАКЕДОНИЈА

Арафат Муареми утре ќе ја тужи Вилма Русковска

Арафат Муареми утре ќе ја тужи Вилма Русковска

Директорот на Финансиската полиција Арафат Муареми во текот на утрешниот ден се очекува до Основното јавно обвинителство да ги достави најавените кривични пријави против обвинителите кои упаднаа во неговата канцеларија.

Пријавите против Вилма Русковска, Ивана Трајчева и Елизабета Јосифовска од Обвинителството за гонење организиран криминал се однесуваат на злоупотреба на службената положба и фалсификување службена исправа.

Неофицијално, пријавата се заснова на извештајот од надзорот на Основното обвинителство на Љубомир Јовески, во кој се констатирани низа неправилности при извршената контрола во Финансиската полиција од страна на Обвинителството за организиран криминал.

Според Финансиската полиција, обвинителите до судот доставиле лажни и невистинити податоци за да добијат наредба за претрес, без да се почитува Законот за кривична постапка.

Од друга страна, обвинителката Русковска, по најавите за тужби од Муареми, истакна дека врз неа се врши притисок и предупреди дека ќе ги објави наодите за кои тврди дека ги има против Муареми.

Од друга страна, тој побара од Русковска да поднесе обвинение против него доколку има докази. كيفية اللعب في bet365
Поддршка за своите постапки Русковска не доби ниту од Здружението на јавни обвинители. Всушност, тие рекоа дека таа му наштетува на угледот на обвинителите и го прекршила нивниот етички кодекс. مواقع روليت

Конфликтот Русковска-Муареми експертите го оценија како криза на правосудниот систем која нема лесно да се реши поради политичките влијанија. 1xbet شرح موقع /Alsat.mk

Фатлуме Дервиши

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button