ВЕСТИМАКЕДОНИЈА

„Министерката за култура да им се извини на културните работници“

„Министерката за култура да им се извини на културните работници“

Од ВМРО-ДПМНЕ продолжуваат да инсистираат дека изјавата на министерката за култура била скандалозна, па затоа бараат нејзина оставка.

Портпаролот на оваа партија Димче Арсовски нагласува дека ова е цензура на креативноста и истото се прави во согласност со Протоколот потпишан од Владата на Ковачевски.

Од СДСМ потенцираа дека опозицијата самоволно ја толкува изјавата на министерката и оти политиките што се спроведуваат во културата ја поттикнуваат слободата на уметничкото изразување.

Реакциите следат по изјавата на министерката за култура дадена пред неколку дена, која одговарајќи на прашањето дали е можно да се цензурираат дела кои нема да бидат во согласност со заложбите за избегнување говор на омраза содржани во Договорот за добрососедство со Бугарија,, нагласи дека авторите во иднина треба да објавуваат позабавна содржина за народот и да не го враќаат во мрачни времиња.

На оваа изјава реагираа и некои уметници. Министерката потоа дополнително појаснуваше дека ниту еден проект нема да биде цензуриран сè додека е на чело на ресорот./Alsat.mk

Ајнур Бафќари

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button