ВЕСТИМАКЕДОНИЈА

Деца се јавувале на СОС телефон и барале помош за…

Деца се јавувале на СОС телефон и барале помош за...

Семејно насилство, проблеми со менталното здравје, запоставување во училиштата и во општеството, па дури и 10 телефонски повици со црни мисли за самоубиство. Ова се само дел од 307-те поплаки што малолетниците, особено на возраст од 13 до 15 години, ги искажале во текот на 2023 година на 24-часовната телефонска линија „Ало Бушавко“ на првата детска амбасада „Меѓаши“. Психолозите апелираат отворено да се зборува за овие прашања.

Според челниците на Меѓаши, училишниот систем треба да биде едукативен и да може да детектира деца со различни проблеми.

По возрасни групи, најголемиот дел од извештаите вклучуваат деца на возраст од 13 до 15 години, по што следуваат оние од 10 до 12 и од 7 до 9 години. Според срединате каде што живеат, најголем број од оние кои се јавиле на линијата живеат во градови. Бројот на оние кои се јавиле од некое село е многу мал. Што се однесува до етничката припадност, 230 од вкупниот број се Македонци, 33 Албанци, 14 Роми. Извештајот го опфаќа периодот од 1 јануари до 31 декември 2023 година. Во него има информации за правото, заштитата од насилство, правото на образование и правото за пристап до други институции./Алсат.мк

 

Мелихате Рустеми.

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button