ВЕСТИМАКЕДОНИЈА

Децата се почесто покажуваат проблеми со видот, но и деформитети на телото

Децата се почесто покажуваат проблеми со видот, но и деформитети на телото

Речиси секое второ дете кое го поминува систематскиот училишен преглед, особено во прво и трето одделение, има проблеми со видот и деформитети на телото. Лекарите изразуваат загриженост за големиот број на вакви случаи и затоа апелираат до родителите, упатствата за понатамошни прегледи да се сфаќаат сериозно. Според докторката Албина Бекташи Ќерими, овие проблеми почуваат да се јажуваат на четиригодишна возраст.

„Во принцип децата имаат проблеми со едното око, но има и такви кои имаат сериозен проблем со видот, а и страбизмот е честа појава. Исто така, се соочуваме со деформитети на ‘рбетот, да не рецам околу 90% од децата имаат некаков проблем. Секое второ дете има сколиоза или кифоза. Ситуацијата е крајно загрижувачка. Во текот на мојата 10-годишна пракса на спроведување на овие систематски контроли, во предпандемиско и постпандемиско време, значително се зголеми бројот на случаи на проблеми со ‘рбетниот столб“, рече Албина Бекташи Ќерими, доктор.

И покрај загриженоста на лекарите, децата признаваат дека премногу време поминуваат на паметните телефони. Сепак, некои од нив не исклучуваат физички активности и спортски игри.

„Кои игри ги играте? Разни. Колку долго мислиш дека треба да играш на телефон? Два часа. Да не е премногу? Мислам дека не“, рече еден ученик.

„Повеќе го сакам фудбалот. Дали си играте надвор со пријателите? Да! Дали треба повеќе да држиш телефон, или да се дружите со пријателите? Да играм надвор е ова е најдобро за мене“, нагласи друг ученик.

Лекарите, исто така, ги повикуваат децата да ја користат технологијата што е можно помалку, и да не остануваат во затворени простории. Бекташи Ќерими, им препорачува на родителите да ги запишуваат своите деца на разни физички активности или вежби пропишани од страна на лекарот и истите да ги изведуваат во домашни услови./Алсат.мк

Мелихате Рустеми

 

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button