МАКЕДОНИЈА

Џафери одликуван на Денот на наставникот

Со образложение дека бил поранешен војник на Југословенската народна армија позната како ЈНА, а подоцна и во ОНА, па заменик-министер и министер за одбрана, претседател на Собранието, а сега технички премиер, Универзитетот во Тетово, го одликува Талат Џафери со највисоката награда што оваа институција ја дели, титулата Фадил Сулејмани.

Advertisements

„Од 1985 година работеше во Југословенската народна армија, а потоа во АРМ. Во 2001 година, тој се приклучи на ОНА. Во политиката извршувал повеќе функции, бил пратеник, заменик министер за одбрана, министер за одбрана, претседател на Собранието, а сега премиер на Северна Македонија. Како премиер вети дека ќе биде транспарентен и отчетен политичар за своите постапки, и ќе ги претставува сите граѓани без оглед на етничката припадност и партијата“, рече Вулнет Амети, претседател на Сенатот на ТУ.

Но, дали Талат Џафери ја заслужува оваа награда од Универзитетот во Тетово? Тој самиот одби да одговори на ова прашање.

Постапката на Универзитетот професорите ја оценуваат како скандалозно. Неможе политичар да добие ваква титула и тоа на денот на наставникот, велат професорите. Башким Зибери вели дека политиката го присвоила единствениот ден на образованието.

„Големата награда Фадил Сулејмани, требаше да има врска само со на образованието и науката, повеќе со универзитетското образование, бидејќи професорот влијаеше врз развојот на образованието .Според мене, денешниот настан не е ништо повеќе од политизација. И овој ден ни беше одземен и беше политизиран, а требаше да биде ден на обединување на сите нас, за важната улога што образованието ја има за општествениот развој воопшто во нашите земји “, рече Башким Зибери Проф. на ТУ.

Додека другите универзитети доделуваат награди за достигнувања во областа на науката, Тетовскиот Универзитет останува единствениот универзитет кој им дава титули на политичарите. Потсетуваме дека истиот тој Универзитет во декември 2020 година му ја додели титулата хонорис кауза на шефот на ДУИ, Али Ахмети.

Башким Сулејмани

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button