ВЕСТИМАКЕДОНИЈА

Унифицирани плати на сите државни универзитети

Пратениците ги изгласа измените во законот за високо образование со кои се овозможува зголемување на платите на вработените во државните универзитети. Одлуката на Собранието дојде неколку дена по стапувањето во сила на колективниот договор за зголемување на платите на вработените на Универзитетот Свети Кирил и Методиј, што наиде на протести и реакции од другите јавни универзитети, кои чинот го нарекоа дискриминаторски.

„Целта на овој закон е да има унифицирање на платите во високото образование, имајќи предвид дека Универзитетот „Свети Кирил и МетодиЈ“ има потпишано колективен договор со Собранието на Република Македонија, односно со претседателот, и во овие околности кога не можеме да потпишеме колективен договор со сите други универзитети останува како механизам за изедначување на вредноста на коефициентите во законот за високо образование“, рече Арбр Адеми, пратеник.

Зголемувањето на коефициентот на плата во високото образование опфаќа професори, научни советници, предавачи, асистенти и вработени во универзитетската администрација. Законот го изгласаа 88 пратеници, меѓу кои и опозицијата.

Фатлуме Дервиши

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button