СВЕТ

Џо Бајден нападот врз сопругот на претседателката на Претставничкиот дом на САД, Ненси Пелоси го нарече одвратен

Американскиот претседател Џо Бајден го нарече одвратен нападот врз сопругот на претседателката на Претставничкиот дом на САД, Ненси Пелоси.

Advertisements

Тој беше нападнат вчера за време на упад на едно лице во нивниот дом во Сан Франциско. Пол Пелоси се здоби со фрактура на черепот откако човекот, кој наводно ја барал неговата сопруга, го удрил со чекан. Полицијата подоцна го уапси. Нападот доаѓа на помалку од две недели пред среднорочните избори на 8 ноември, на кои се доведува во прашање контролата на Претставничкиот Дом и Сенатот./Alsat.mk

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button