РЕГИОН

Дијалогот Белград – Приштина по формирање влада во Косово и надминување на политичката криза во Србија

Дијалогот Белград – Приштина по формирање влада во Косово и надминување на политичката криза во Србија

Во Косово се поздравува најавата за продолжување на косовско-српскиот дијалог од страна на шефот на дипломатијата на Европската унија, Каја Калас. Сепак, постои загриженост за тоа дали може да се донесат големи одлуки во Косово пред формирањето на новата влада, но и пред надминување на политичката криза во Србија.

Advertisements

Дали ќе има придвижување на дијалогот меѓу Косово и Србија, ќе се дознае по формирањето на новата Влада во Приштина.Аналитичарот Себ Битиќи вели дека за сериозен потег во дијалогот во март треба да има потврда за новата коалициска влада. Тој, исто така, рече дека изборите во Германија и Франција би можеле да имаат влијание.

„Да не заборавиме дека имаме и изборен во Европа, особено во Германија и Франција. Исто така, ја имаме и политичката криза во Србија. Значи, не се само изборите во Косово, туку и состојбите во другите земји кои влијаат на овој процес. Сепак, се очекува дека наскоро ќе има придвижување од страна на Европската комисија. Се надеваме дека тие се одразиле и дека ќе има пореален предлог за имплементација на договорите (Косово-Србија)“, рече Себ Битиќи, аналитичар.

Политикологот Артан Мухаџири е поскептичен дека може да има напредок во дијалогот во овој период. Според него, Косово и Србија не можат да донесат големи одлуки на одредено време се додека не се воспостават новите институции во Косово и не се надмине политичката криза во Србија.

„ЕУ има шини со кои оди по инерција, така што не може да има големи промени. Но, нов фактор што ќе има промени е администрацијата на Трамп која покажа интерес за регионот. Штом прашањето за Газа и Украина ќе биде тргнато од масите за дискусија, мислам дека Балканот исто така ќе има фокус. Тогаш сè ќе биде непредвидливо како што е и политичкиот дух на администрацијата на Трамп. Добар случај беше изгубен со администрацијата на Бајден, бидејќи можеше да се спроведе елегантно. Сега со Трамп сè ќе биде непредвидливо, бидејќи може да има големи придобивки, но и големи загуби “, нагласи Артан Мухаџири, аналитичар.

На последната средба со новиот емисар на ЕУ за дијалог, Соренсен, косовскиот премиер Албин Курти рече дека Србија го прекршила Бриселскиот основен договор и Охридскиот анекс, додавајќи дека за да се придвижи напред дијалогот, Србија мора да го потпише договорот, да го повлече писмото на поранешниот премиер упатено до ЕУ и да го предаде Милан Радојчиќ, кој е одговорен за терористичкиот напад во Бањска во 2023 година.

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button