РЕГИОН

Дијалогот меѓу Косово и Србија продолжи во Брисел


Дијалогот меѓу Косово и Србија на експертско ниво продолжи во Брисел. Во досегашните рунди на разговори, што започнаа минатиот месец, се дискутираше за исчезнатите лица, за раселените и за економската соработка. Премиерот на Косово, Авдула Хоти, рече дека на денешната средба се разговарало и за прашања од економска соработка. Косовската делегација во разговорите на експертско ниво ја предводи државниот координатор за дијалог, Скендер Хисени, додека српската делегација ја предводи шефот на Канцеларијата за Косово во српската влада, Марко Ѓуриќ. Дипломатски извори во Европската Унија најавуваат дека може да се одржи рунда разговори на високо ниво меѓу косовскиот премиер Авдула Хоти и српскиот претседател Александар Вучиќ. На 4 септември се очекува Хоти и Вучиќ да се сретнат во Вашингтон по покана на американскиот советник за национална безбедност Роберт О’Брајан.

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button