Дијаспората во Германија со најмногу гласачи за изборите во Косово

Регистрираните гласачи во странство ќе имаат можност да гласаат на изборите во Косово започнувајќи од 9 јануари, па се во наредните 31 ден. Портпаролот на ЦИК, Валмир Елези, рече дека најголем број гласачи се пријавиле од Германија .
„Двете земји со најголем број запишани гласачи се Германија со 44.774 гласачи и Швајцарија со 27.248 запишани гласачи. По нив следат други земји како Франција, Шведска, Австрија, Италија, Соединетите Американски Држави, Белгија, Обединетото Кралство и Финска. Сите овие земји ги сочинуваат 10-те држави со најголем број запишани гласачи надвор од Косово за изборниот процес во нашата земја“, рече Елези.
На парламентарните избори во Косово, своето право на глас ќе можат да го остварат вкупно 104.924 граѓани кои живеат во странство . Многу од нив ќе гласаат во дипломатските претставништва.
„Од вкупниот број на регистрирани гласачи надвор од Косово, што е 104.924 од кои 20.399 се запишани да гласаат физички во кое било од дипломатските претставништва на Република Косово на 8 февруари, додека 17.104 други граѓани се запишани да испраќаат пакети со гласачки ливчиња до поштата на Централната изборна комисија во Косово и најголем број од 67.421 гласачи се запишани да испраќаат пакети со гласачки ливчиња до кое било од поштенските сандачиња на ЦИК што ќе бидат отворени надвор од Косово“, додава Елези.
На парламентарните избори што ќе се одржат на 9 февруари во Косово, право на глас имаат еден милион 970 илјади и 944 гласачи.
Џесика Салахи