ВЕСТИМАКЕДОНИЈА

ДИК: Се финализира текстот на договорот за фингерпринт апаратите

Државната изборна комисија денеска сооопшти дека постапува согласно Законот за завршување на текот на постапката на јавната набавка на фингерпринт апаратите.

-Вчера пристигнаа претставници на економскиот оператор „ДЕРМАЛОГ“ и во текот на денешниот ден се вршат завршни консултации за финализирање на текстот на договорот и негово потпишување, стои во соопштението.

По ова, како што се наведува, веднаш почнуваат да течат роковите за испорака на техничката опрема, за што ДИК дополнително ќе ја информира јавноста.

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button