МАКЕДОНИЈА

Јанев: Неопходен поефикасен дијалог и реална волја за решавање на билатералното прашање

Техничкиот премиер на Бугарија, Стефан Јанев, денеска на средба во Софија со словенечкиот амбасадор во Бугарија Анжеј Франгеш, ја потврдил бугарската принципиелна поддршка за европската перспектива на Северна Македонија и Албанија, посочувајќи ја неопходноста од поефикасен дијалог и реална волја за решавање на прашањата меѓу С Македонија и Бугарија.

Како што јави дописникот на МИА од Софија, акцентот бил ставен врз барањето да бидат исполнети ангажманите во билатералниот договор.

Како што соопшти бугарската владина прес-служба, било истакнато и дека европските партнери на Бугарија заземаат страна, толерирајќи ја Северна Македонија и обвинувајќи ја Бугарија, како што е посочено, без реални аргументирани основи.

Јанев и Франгеш исто така го разговарале за почетокот на словенечкото претседателство со ЕУ, истакнувајќи дека ЕУ треба да биде надежна и сигурна Унија, способна да обезбеди стабилност во нејзиното соседство.

Во тој контекст била истакната клучната улога на трансатлантската соработка и перспективите за развој на државите од Западен Балкан.

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button