ВЕСТИМАКЕДОНИЈА

ДИК со осуда за попречување на присуството на набљудувачи и медиумски работници на гласачки места

Државната изборна комисија најостро ги осуди дејствијата со кои на 17 октомври, денот на изборите, на медиумски работници и акредитирани набљудувачи на изборите им бил попречен пристапот до одредени гласачки места.

Како што се наведува во соопштението од ДИК:

Како највисок изборен орган, Државната изборна комисија им укажува на членовите на општинските изборни комисии и избирачките одбори во целост да се придржуваат до насоките добиени во едукативните материјали од ДИК и на обуките кои ги спроведуваат сертифицираните обучувачи на ДИК:

– да им овозможат пристап на медиумските работници и акредитираните набљудувачи во гласачкото место,

– да им овозможат на медиумските работници да снимаат или фотографираат во гласачкото место, водејќи сметка за тајноста на гласањето и личните податоци на гласачите ( во оваа смисла, не е дозволено снимање и фотографирање на гласачите зад гласачките паравани и на личните податоци на гласачите кои се содржани во уредите за биометриска идентификација на гласачите и изводите од избирачкиот список) и

– можат да дадат изјава за медиумите која содржи технички информации околу гласањето.

За Државната изборна комисија транспарентноста на целокупниот изборен процес е принцип од исклучително значење, се наведува во соопштението од ДИК.

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button