ВЕСТИМАКЕДОНИЈА

ДИК треба да ги соопшти конечните резултати од првиот круг на локалните избори

Државната изборна комисија (ДИК) денеска на јавна седница треба да ги објави конечните резултати од првиот круг на изборите за градоначалници и советници во 80 општини и Градот Скопје.

Се очекува, претседателот на ДИК Александар Даштевски на седницата официјално да соопшти во кои општини ќе се гласа за градоначалници во вториот круг од изборите и каде ќе се повтори гласањето од првиот круг на изборите. Исто така, официјално треба да биде познат и бројот на советници што партиите и независните листи го освоија на изборите.

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button