ВЕСТИМАКЕДОНИЈА

Димитриевски: Поранешни другари од СДСМ ми се одмаздуваат

Актуелниот градоначалник на Куманово и кандидат за нов мандат за градоначалник Максим Димитриевски тврди дека бил следен и приведен од полицијата додека целата ситуација ја пренесувал во живо на социјалната мрежа „Фејсбук“.

Advertisements

Димитриевски рече дека при проверка на службениците на СВР Куманово, целиот сообраќај на улицата „Лесковац“ бил во прекин 15 минути. Димитриевски рече дека полицијата не наведува зошто го испратила автомобилот на технички преглед.

Независниот кандидат во Куманово рече дека ова е одмазда од поранешните другари на СДСМ, меѓу кои го спомна министерот за внатрешни работи, Оливер Спасовски.

Од СДСМ не сакаа да зборуваат. Во првата реакција на МВР се наведува дека внатрешна контрола во СВР Куманово ќе го испита слуачјот.

Министерство за внатрешни работи

 „Во врска со денешниот настан во Куманово, кога беше сопрен автомобилот„ Рено“ управуван од Д.Д. ве известуваме дека Министерството за внатрешни работи веднаш го активираше Секторот за внатрешна контрола и професионални стандарди за целосно расветлување на случајот. МВР нема да дозволи никаков притисок, незаконски дејствија или злоупотреба на службената положба“.

 Максим Димитриевски освои најмногу гласови во првиот круг во Куманово, втор е кандидатот на СДСМ, Оливер Илиевски. Разликата меѓу нив е 22 гласа.

Adnan Qaili

 

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button