МАКЕДОНИЈА

Димитриевски: Потребен е претседател верен на граѓаните, а не на партијата

Кандидатот за претседател Максим Димитриевски истакна дека досега ниту еден претседател на државата не се одважил да се спротивстави на партијата која го номинирала. На средба со граѓани во Тетово, Димитриевски вчеравечер додаде дека ваквата состојба мора да се промени, а во меѓувреме граѓаните се оставени пред избор да гласаат за помалото зло. Според него, потребен е претседател верен на граѓаните, а не претседател верен на партиите.

„Јас од позиција на претседател, ама никогаш нема да потпишам закон со којшто не се согласува мнозинството на граѓаните во оваа држава. На крајот на краиштата, ама никогаш закон за измени во Кривичниот законик за самоамнестирање на овие актуелниве и оние коишто беа, а притоа да молчам“, рече Димитриевски.

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button