ВЕСТИМАКЕДОНИЈА

На работа е вратен директор кој бил разрешен поради нарушен углед

На работа е вратен директор кој бил разрешен поради нарушен углед

Откако техничкиот министер за труд и социјална политика од редовите на ВМРО-ДПМНЕ, Ѓоко Велковски, го разреши директорот на Центарот за социјална работа во Радовиш, Александар Филев, Владата ја поништи одлуката на министерот и сега Филев се враќа на директорската функција.

Од кабинетот на министерот соопштија дека директорот бил разрешен поради тешки повреди на угледот на институцијата. Оттаму додаваат дека Филев минатиот месец бил приведен поради агресивно однесување кон полицајци во алкохолизирана состојба, а претходно бил приведен и за недозволена трговија со дрога. Според министерот Велковски, одлуката на Владата е нелогична и неморална. Од друга страна, според дополнителната заменичка министерка за труд од редовите на СДСМ, Јована Тренчевска, разрешувањето на директори со еднострана одлука во време на избори е незаконски акт.

„Во Законот за Влада е предвидено дополнителниот заменик на министерот, заедно и рамноправно со министерот да ги разгледува и потпишува сите акти и документи, а ако тоа не е сторено, ваквите акти и документи не произведуваат правно дејство“, информираа од кабинетот на Тренчевска.

 

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button