ВЕСТИМАКЕДОНИЈА

Димитров онлајн во Белград на Конференција Отворен Балкан со Брнабиќ, Рама и Ескобар

Во Белград денеска во српскиот Парламент ќе се одржи Конференција „Отворен Балкан – Патот кон стабилизација, соработка и просперитет на регионот“, на која на политичкиот панел покрај српската премиерка Ана Брнабиќ, онлајн ќе учествуваат и вицепремиерот за европски прашања Никола Димтров, албанскиот премеир Еди Рама и специјалниот американски пратеник за Балканот Габриел Ескобар, јави дописникот на МИА од Белград.

Advertisements

На конференцијата во поздравен говор на присутните ќе им се обрати претседателот на Народното собрание на Република Србија Ивица Дачиќ и амбасадорот на САД во Србија Ентони Годфри, соопштија од Собранието.

На Конференцијата ќе бидат презентирани резултатите од регионалното истражување на јавното мислење и резултати од економската анализа на иницијативата Отворен Балкан, а ќе се одржи и Панел на бизнисмени за економските ефекти од Отворени Балкан.

Организатори на Конференцијата се Народното Собрание на Србија, Конгресот на српско-американското пријателство, независната меѓународна истражувачка мрежа East West Bridge (ЕВБ).

Главен модератор ќе биде Јован Ковачиќ, претседател и основач на ЕВБ и Член на Извршниот комитет на Трилатерална комисија и претседател на српската група на Трилатералната комисија.

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button