МАКЕДОНИЈА
Димитров посочи изјава на Османи што „бара посебна внимателност“

Вицепремиерот за европски прашања, Никола Димитров, во своето вечерашно гостување во емисијата „360 Степени“ на Алсат говореше и за неговата изјава дека нема доверба во шефот на дипломатијата, Бујар Османи. Во образложението на таквиот став, Димитров се повикува на изјава на министерот Османи дека евентуалното решение за спорот со Бугарија не е потребно да оди на усвојување во Собранието.
„Токму Бујар Османи кажа дека не мисли оти е добро решението да оди во Собранието. Дури и само таа изјава мене ми е доволна и ми прави еден прашалник и бара посебна внимателност…“, вели Димитров додавајќи дека конечното решение мора да оди во Собранието.
„Зошто? Конечното решение ќе оди на одобрување и во бугарскиот парламент“, рече Димитров.