МАКЕДОНИЈА

Димитров: Во градењето на државните позиции два пати се заканив со оставка

Во градењето на државните позиции во два наврата бев принуден да се заканам со оставка, вели во вечерашното гостување во емисијата „360 Степени“ на Алсат, вицепремиерот за европски прашања, Никола Димитров.

„Мислам дека јавноста треба да знае, тоа до некаде и го споменав. Во битката внатре, за градењето на македонски заеднички позиции, во два наврати бев принуден и да се заканам со оставка. Дека, ‘ако одите вон оваа линија, тоа ќе го правите без мене, а јас ќе излезам надвор и ќе бидам гласен“, вели Димитров.

На потпрашањето – кому му го кажал тоа, Димитров рече:

„И на премиерот Заев и на министерот Османи“.

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button