МАКЕДОНИЈА

Димитров очекувал реакции по прес конференцијата, но не се кае за кажаното

Очекував напади, некои можеби малку ме изненадија, меѓутоа, таква е политиката, не оди ништо лесно, вели во своето вечерашно гостување во емисијата „360 Степени“ на Алсат, вицепремиерот за европски прашања, Никола Димитров. Сепак, како што рече, воопшто не се кае за ставовите и коментарите искажани на вчерашната прес конференција.

„Очекував напади, некои можеби малку ме изненадија, меѓутоа, таква е политиката, не оди ништо лесно. Кога човек вели – ќе отворам еден непријатен разговор, за тоа каде ни оди државата, што правиме со клиентелизмот, што правиме со корупцијата, се разбира дека ќе има напади“, вели Димитров.

Запрашан дали се кае за кажаното, тој вели:

„Воопшто не се каам“.

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button