ВЕСТИМАКЕДОНИЈА

Маричиќ „строеше“ судии за МИЈАЛКОВ, а не сака да се меша за случајот „Алфа“

Министерот за правда, Бојан Маричиќ, со двојни аршини. Додека за ослободувањето на Сашо Мијалков од притвор побара одговорност од судиите за да ѝ објаснат на јавноста зошто донеле таква одлука, за случајот АЛФА коментира дека не може да се меша во работата на судството. Маричиќ индиректно признава дека иако има нови докази, како што е правното вештачење, судот треба да си одлучи за повторно судење.

Од Кривичниот суд велат дека во моментов се чека одлуката на Апелација по жалбата на одбраната. По одговорот од второстепениот суд ќе се комплетира документацијата и ќе се бара мислење од Јавното обвинителство и Бирото за правни вештачења. На крај може да се знае епилогот дали предметот „Алфа“ врз основа на вештачењето подготвено во странство, ќе оди на повторно судење или не. Убиството на полицаец и ранувањето на уште двајца се случи на 26 ноември 2008 година кај паркингот на Природно-математичкиот факултет во Скопје. Во 2010 година судот ги осуди на доживотен затвор Реџаил Ќерими, Агим Ислами и Алмир Дрпљанин, додека Рамадан Шаќири беше осуден на 9 години затвор за логистика.

Adrian Kerimi

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button