ВЕСТИМАКЕДОНИЈА

Алијанса до ДУИ: „Од американската правда за ‘Маѓар Телеком’ нема бегање“

Алијансата за Албанците ја поздрави одлуката на Врховниот суд кој ја отфрли како неоснована тужбата на лидерот на ДУИ Али Ахмети и неговиот сопартиец Муса Џафери против поранешниот разузнавач Слободан Богоевски за случајот „Маѓар Телеком“. Според нив, Ахмети, Џафери и другите не можат да избегаат од американската правда. „Судовите во земјава се политизирани, но овој пат пилата им се заглави во клинец затоа што се соочуваат со американската правда. Од оваа правда не можете да избегате, а покрај корумпираните политичари, наскоро одговорност ќе сносат и оние судии и обвинители кои ги влечкале, криеле и амнестирале нивните злодела“, се вели во реакцијата на Алијансата за Албанците.

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button