ВЕСТИМАКЕДОНИЈА

Димитров: Проблематизирањето на македонскиот јазик не е во согласност со вредностите за кои се залага Европа

Ако постои политичка волја и лидерство во Бугарија, мислам дека можеме да најдеме европско решение кое би било добро и за македонско-бугарското пријателство и за европското ветување кон регионот и за Северна Македонија, вели вицепремиерот за европски прашања Никола Димитров во интервју за „Еуроњуз“ со наслов „Дали Северна Македонија ќе ги закопа идеалите на ЕУ?“.

– Но, тука има едно „ако“, затоа што ние веќе сторивме сè што можевме. И, искрено, доколку мојот мајчин јазик, македонскиот, е причина за тоа да не можеме да се приближиме кон ЕУ, тогаш така и нека биде. Тогаш, ЕУ и не е тоа што сме мислеле дека е – заедница на вредности, вели Димитров во интервјуто во кое зборува за предизвиците и пречките на патот на Северна Македонија кон Европската Унија.

Според него, тоа што Бугарија го доведува во прашање правото на земјата да го обликува својот сопствен идентитет и историја, создаде само горчина во една од најпроевропските земји на континентот.

– Дали проблематизирањето на македонскиот јазик е во согласност со она за што се залага Европа? Зарем Европа не треба да биде континент каде се негува јазичната и културната разновидност и каде што сите нации се третираат достоинствено и со почит? Зарем прашањето за тоа кои сте и на кој јазик зборувате не е прашање што ги засега единствено и само тие на коишто се однесува?, истакнува вицепремиерот за европски прашања.

Според вицепремиерот, сепак и покрај последното разочарување, Владата останува посветена на остварување на аспирациите на земјава за членство во ЕУ и ќе продолжи активно да бара решение, но со истакнување на одредени позиции од кои нема отстапување.

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button